• Иван Димовски

Лос Анџелес Клиперс одиграа убедлив натпревар и лесно славеа над Индијана Пејсерс со 129-96, за продолжување на серијата на четири победи во низа. Иако МекДермот беше најефикасен играч со 23 поени, а Сабонис беше најкорисен со „дабл-дабл“ ефект и стигна до 19 поени со 14 скокови, сепак Пејсерси убедливо загубија во „Стејплс Центар“. Кај Клиперс со по 20 поени мечот го завршија Морис, Кенард и Пол Џорџ, додека најголемата ѕвезда Каваи Ленард уфрли 17 поени.
- Лос Анџелес Клиперс - Индијана Пејсерс:
По изедначениот старт, домаќинот прв стигна до двоцифрена предност, а таа ја одржи до пред полувремето. Индијана околу паузата го имаше најголемиот залет, но потоа целосно се распадна и предноста вртоглаво порасна и победата не беше под знак прашалник до крајот.
- Денвер Нагетс - Јута Џез:
Јута Џез го изненади Денвер и победи во „Бол Арена“ со 109-105. Во еден крајно неизвесен натпревар со многу промени на водството, Џез одиграа подобар последен период и победија на тешкото гостување. Никола Јокиќ бадијала имаше „дабл-дабл“ со 35 поени и 14 скокови, а запиша и девет асистенции, додека Мареј уфрли 30 поени. Поените кај Јута беа подобро распоредени и доволни за победа во овој дуел, а најпрецизен беше Кларксон со 23, пред Мичел со 18 поени.
- Сакраменто Кингс - Њу Орлеанс Пеликанс:
Њу Орлеанс Пеликанс победи во последниот синоќешен дуел на гости кај Сакраменто Кингс со 128-123.