• Саше Љолес
Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ, закрепна од повредата што ја доживеа на Европското првенство и веќе се приклучи на тренинзите на Лос Анџелес Клиперс, јави НБА франшизата.
Богдановиќ требаше да отсуствува до средината на октомври, но неговата состојба е значително подобрена и веќе одработил неколку тренинзи со топка.
Ова значи дека најверојатно ќе биде целосно „фит“ за почетокот на новата сезона, кој е закажан за 21 октомври.
Неговото отсуство се одрази врз игрите на српската репрезентација, која беше изненадена од Финска и беше елиминирана уште во осминафиналето на континенталниот собир.
ФОТО/PHOTO: Nba.com








