ВИДЕО: Клиперси го „средија“ Феникс и се вратија во живот во западното финале

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс на свој терен го совладаа Феникс Санс со 106-92 и со тоа намалија на 2-1 во плеј-офот на финалето во Западната конференција на НБА лигата.

После тесната и ефикасна прва четвртина, и особено катастрофалната втора четвртина на домаќинот, во која постигна само 17 поени, Клиперси во третиот период одиграа фантастично и со серија од 21-3 направија резултатска позитива која што беше недостижна за противникот. 

Во последните 12 минути се влезе со водство на тимот од Лос Анџелес од 80-69, а гостинот само еднаш успеа да намали на шест поени негатива, по што следуваше нова серија на Клиперси за конечна победа од 14 разлика (106-92).

Најефикасен кај Клиперси беше Пол Џорџ со 27 поени, иако од игра погоди само 9 од 26. Имаше и 15 скока, осум асистенции, но и шест загубени топки. Реџи Џексон постигна 23 поени (9-17 од игра) и три асистенции, додека Ивица Зубац реализираше „дабл-дабл“ учинок со 15 поени и 16 скока.