• Сашо Поповски

Медиумите во Соединетите Американски Држави тврдат дека екипата на Лос Анџелес Клиперс ќе го растура тимот во пресрет на новата НБА сезона.
Неуспехот во овогодишниот плеј-оф ќе ја натера управата да прави промени. Прв на удар се чини дека ќе биди Пол Џорџ, кој во очите на фановите разочара со своите настапи.
Многу веројатно е дека тој ќе биде заменет со нова ѕвезда. Се разгледуваат повеќе опции, а последната го сели 30-годишникот во Филаделфија 76ерс, во замена за плејмејкерот Бен Симонс. Кошаркарот на „сиксерси“ е шест години помлад од него и со себе ќе го донесе талентираниот Лендри Шамет.
Тајрон Лу наводно верува дека на тимот итно му е потребен организатор на играта. Симонс е еден од подобрите во лигата, а со оглед на големиот број шутери во екипата, нема да го има притисокот да поентира од далечина.