ВИДЕО: Без Ленард нема решение за Јанис, Милвоки слави во Лос Анџелес

Јанис Антетокумбо одигра уште една одушевувачка партија, а Милвоки победи на тешкото гостување кај Лос Анџелес Клиперс со 124-129. Гркот дуелот го заврши со 38 поени, 16 скока и девет асистенции. Јанис доминираше под двата обрачи и штета е што за една асистенција не запиша „трипл-дабл“. 

Гркот стана првиот играч во историјата на НБА лигата, кој постигнал најмалку 200 поени во првите осум натпревари од сезоната, а со тоа запишал и најмалку 100 скока и 50 асистенции.

Тој од денес е шестиот играч во историјата на лигата, кој постигна најмалку 30 поени во три одиграни натпревари во низа. Антетокумбо им се приклучи на Карим Абдул-Џабар, Елгин Бајлор, Вилт Чембрлен, Боб Петит и Оскар Робертсон.

  • Натпреварот на Јанис Антетокумбо: 

Гостите имаа неверојатен процент за три поени, погодија 18 тројки, од кои шест беа дело на Џорџ Хил. Кај Клиперс недостигаше Каваи Ленард и тоа се почувствува, пред се во играта во одбрана. 

  • Лос Анџелес Клиперс - Милвоки 124-129:

Бојан Богдановиќ погоди клучна тројка за победа на Јута против Филаделфија со 106-104. Хрватот беше феноменален со 22 поени, а како најефикасен во победничкиот тим се истакна и Мичел со 24 поени.

  • Јута - Филаделфија 106-104:

Детроит го победи Њујорк со 122-102, а Тони Снел натпреварот го заврши со 24 поени. Хјустон го надигра Голден Стејт со 129-112, а Џејмс Харден крај своето име запиша 36 поени и 13 асистенции. 

  • Хјустон - Голден Стејт 129-112: