ВИДЕО: Клиперси без Ленард до „брејк“ кај Јута, Атланта анулира 26 поени дефицит и победи!

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс направија „брејк“ и со 119-111 победија кај Јута Џез. Пресметката во „Вивинт Смарт Хоум Арена“ во Солт Лејк Сити беше изедначена, но искуството го направи своето и гостите од Калифорнија поведоа со 3-2 во четвртфиналната серија, иако во тимот недостигаше Каваи Ленард. Сега, на свој паркет ќе има шанса да го завери пласманот понатаму. 

  • Јута Џез - Лос Анџелес Клиперс: 

Иако Јута отвори добро, водеше во првиот дел и можеше да се одлепи, не го направи тоа. Клиперси полека го изградија пресвртот и мудро го одиграа натпреварот за победа предводени од одличниот Пол Џорџ кој уфрли 37 поени и запиша 16 скокови. Кај Јута најдобар беше Богдановиќ со 32 поени, а го следеа Морис со 25 и Џексон со 22 поени кај Клиперси. 

Минимално славје и гостинска победа запиша и Атланта Хокс кај Филаделфија (106-109). Иако домашната екипа константно водеше, во еден момент и со 26 поени разлика, Хокси се радуваа на крајот против 76-ерси. Филаделфија константно имаше предност, изгледаше дека овој натпревар може да заврши само со еден исход, но потоа со 40-19 на Атланта во последната четвртина работите се сменија. 

  • Филаделфија 76ерс - Атланта Хокс: 

Тре Јанг одигра одлична партија, уфрли 39 поени и ги анулира бројките на Ембид кој имаше „дабл-дабл“ ефект од 37 поени и 13 скокови, а 36 поени уфрли Сет Кари. Атланта сега на свој терен може да го исфрли фаворитот, кој неочекувано е под голем притисок.