• Мартин Танасковски
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го претрпеа нов пораз во НБА лигата, овојпат на гостински терен против Феникс Санс со резултат 115-102. Иако тимот од Лос Анџелес имаше конкурентен настап во првото полувреме, одлучувачкиот момент се случи во третата четвртина, кога домашниот состав ја презеде целосната контрола врз натпреварот.
Клиперс одиграа цврсто прво полувреме, во кое двете екипи постојано се менуваа во водство и резултатот остана во рамнотежа. Сепак, третиот период донесе драматичен пад во нивната игра. Феникс ја доби таа четвртина со убедливи 40-23 и со тоа ја обезбеди клучната предност. При влегувањето во последниот квартал Санси имаа водство од 14 поени, а на почетокот на четвртиот дел тоа се зголеми и на +22, што практично го реши исходот на натпреварот.
Најистакнат поединец во победничкиот табор беше Дeвин Букер, кој постигна 24 поени, додаде шест скокови и седум асистенции. Одличен настап имаше и повратникот Џејлен Грин, кој го предводеше Феникс со 29 поени и неколку клучни погодоци во завршницата.
Кај Клиперс, најрасположен за игра беше хрватскиот центар Ивица Зубац со импресивни 23 поени и 11 скокови, уште една потврда за неговата константност под кошевите. Кем Кристи додаде 17 поени, а Џон Колинс заврши со 13. Сепак, тимот беше значително ослабен со отсуството на Џејмс Харден и Каваи Ленард, чие отсуство се почувствува во нападот и во организацијата на играта.







