Клиперси без главната ѕвезда Ленард до крајот на регуларниот дел?

Екипата на Лос Анџелес Клиперс ќе мора да биде уште некое време без првата ѕвезда Каваи Ленард кој е повреден.

Крилниот кошаркар се здоби со повреда на стапалото и пропушти четири врзани натпревари за „клиповите“. Според најновите информации кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави, Ленард ќе мора да паузира уште најмалку недела дена.

Истовремено, се тврди дека Ленард може да не заигра до крајот на регуларниот дел од сезоната.

Каваи Ленард во просек бележи 25,7 поени, 6,7 скока и 5,1 асистенции по натпревар оваа сезона.

Најнови вести од
НБА, САД