Клејбурн останува во ЦСКА уште три години

Клејбурн

Американецот Вил Клејбурн потпиша нов договор со ЦСКА Москва во должина од три години.

МВП играчот на изминатиот Ф4 турнир во лигата, на кој славеше рускиот шампион, доби комплимент од тренерот Димитри Итудис кој го нарече „најдобар играч во екипата“.

„Среќен сум што кариерата ќе ја продолжам тука во Москва. Во изминатите две години научив многу. Оваа сезона освоивме двојна круна, зад себе оставивме фантастични успеси“ , вели американскиот кошаркар.

Клејбурн, кој претходно настпуваше во Дарушафака, Улм и Апоел Тел Авив, сезоната ја заврши со просек од 19,5 поени и пет скока по натпревар.