Клеј Томпсон го напушта Далас: Сакам уште еднаш да се борам за титулата!

Еден од најдобрите шутери во историјата на НБА лигата, Клеј Томпсон, размислува за промена на средината ова лето. Искусниот кошаркар сака да премине во тим кој ќе има реални амбиции за освојување на шампионската титула.

Томпсон последните две сезони ги помина во Далас Маверикс, но според американските медиуми, франшизата од Тексас е отворена за можен трејд. Опцијата за раскин на договорот моментално се смета за помалку веројатна.

„Би сакал уште еднаш да се борам за титулата. Не знам дали е тоа изводливо, но знам дека имам уште енергија и сила за да настапувам на највисоко ниво“, изјави Томпсон. 

Како главен фаворит за негов ангажман се споменува Мајами Хит, а интерес постои и од Бостон Селтикс, Кливленд Кавалирс и неговиот поранешен клуб Голден Стејт Вориорс.

Томпсон помина 13 сезони во Голден Стејт, каде освои четири шампионски титули, но во текот на кариерата имаше и сериозни проблеми со повреди. И покрај тоа, тој останува еден од најценетите ветерани во лигата и играч кој може да донесе големо искуство и квалитет во екипа со шампионски амбиции.