ВИДЕО: Клеј е момче за сѐ – Томпсон даде тројка, блокира, па „ѕверски“ заби!

Голден Стејт на домашен терен во последниот период загуби од Феникс Санс (111-115), а натпреварот го одбележа новата добра партија на Клеј Томпсон.

Кошаркарот на „воините“ на овој меч беше момче за сѐ, затоа што даваше двојки, тројки, блокираше, па дури и - забиваше! И тоа изведе три атрактивни потега, во три акции по ред...

Во првиот квартал од мечот, Томпсон даде тројка. Веднаш во наредниот напад на Феникс подели блокада, а откако Дурант ја фати топката, го проигра, па возврати со атрактивно забивање и ја крена публиката на нозе.

Томпсон беше прв стрелец на Голден Стејт на мечот со 28 поени (10/22 од поле, 4/15 за три, 4/4 слободни фрлања), а зад своето име додаде уште пет скока, пет асистенции и три украдени топки.