• Саше Љолес
Актуелниот светски кошаркарски шампион, репрезентацијата на Германија, ќе допатува на Олимписките игри во Париз со прилично силен тим и ќе се обиде да се избори за највисок пласман.
На списокот се најдоа повеќето играчи кои го донесоа златото од Мундобаскетот минатата година, а таму нема место само за ѕвездите како Ајзеа Хартенштајн и Макси Клебер. Вториот имаше големи несогласувања со капитенот Денис Шрудер, па селекторот Гордон Херберт реши да го изостави од тимот за турнирот во „градот на светлината“.
Германија ќе настапи со четворица НБА играчи и уште десетмина кои настапуваат во Евролигата:
Исак Бонга (Баерн), Оскар Да Силва (Алба Берлин), Јустус Холац (Ефес), Давид Крамер (Гранада), Леон Крацер (Парис), Маодо Ло (Олимпија Милано), Андреас Обст (Баерн), Луј Олинде (Алба Берлин). Денис Шрудер (Бруклин Нетс), Даниел Тајс (Лос Анџелес Клиперс), Морик Вагнер (Орландо Меџик), Франц Вагнер (Орландо Меџик), Ник Вајлер-Баб (Баерн) и Јоханес Војтман (Олимпија Милано).
Германскиот национален тим на Олимписките игри ќе настапи во групата Б, каде ќе се соочи со селекциите на Франција, Јапонија и со победникот од квалификацискиот турнир во Летонија.