• Зоран Мишевски
Во преполната „Штарк Арена“ во Белград, супер-дуелот во рамките на осмото коло на Евролигата меѓу Партизан и Барселона им припадна на Каталонците со 76-78. Одлучи финишот на гостите и лудата тројка на Клајбурн од полпвина терен.
Момците на Жељко Обрадовиќ водеа во текот на првите две четврини, а на моменти имаа и 8-9 поени предност, Сепак, Саторански и Пантер ги враќаа Каталонците и на почетокот од третиот период Барса израмни на 45-45. Следеше серија на грешки, менување на водството и победа на Барса со 76-78.
Шенгелија беше прво име на средбата со 24 поени, а Клајбурн натпреварот го заврши со 14 поени. Вашингтон со 21 и Тајрик Џонс со 15 поени се истакнаа кај Партизан. Првите минути за белградските „црно-бели“ ги одиграа Бруно Фернандо и Ник Калатес.
Во дуелот на два тима кои играа на завршниот турнир во Абу Даби минатата сезона, Монако на Василис Спанулис го совлада Панатинаикос со 92-84. Окобо со 15 и Џејмс со 13 поени беа најефикасни во победничкиот табор, а Кендрик Нан со 26 поени се истакна кај „детелинките“ на Атаман.
Драматична завршница донесе мечот во Пиреја меѓу Олимпијакос и Хапоел Тел Авив. Победа извојуваа Грците со 62-58. Везенков со 14 и Дорси со 11 поени беа најфикасни во домашниот тим, а Блекни даде 13 поени кај Израелците.
Басконија го надигра Анадолу Ефес со 86-75 и врза две победи по ред во Евролигата. Луваву Кабаро со 20 и Спањоло со 19 поени беа најзаслужни за победата, а Ларкин постигна 23 поени за Ефес.









