Клајбурн е херој: Виртус беше пред пораз, а тогаш на сцена стапи Американецот! (ВИДЕО)

Вил Клајбурн е вистински италијански херој откако ја одведе екипата на Виртус Болоња до трета победа во Евролигата, на гостувањето кај Басконија (81-82). Освен што беше најдобар поентер, Американецот блесна и во завршните секунди со мајсторија донесе триумф. 

Самиот Клајбурн изведе од под кош на 4,5 секунди пред крајот при резултат 81-78 за домашните. Му додаде на Шенгелија и истрча во контра, а Грузиецот му ја врати топката. Тогаш Клајбурн шутна тројка од далечина која ја погоди, изнудувајќи дополнително слободно фрлање кое исто така го реализира за четири поени во акцијата и предност. 

Остана уште 1,9 секунди за Басконија, но и топка од под кошот па немаше доволно време за домашните да поентираат. 

На крајот Клајбурн го заврши мечот со 23 поени и вистинска херојска партија за тимот кој сезонава се мачи во Евролигата.