КК Водњански лисици најави возобнување и враќање на кошаркарската сцена

Денес со официјална прес-конференција се возобнови КК Водњански Лисици од Скопје, кој годинава ќе слави и јубилеј - триесет години од основањето на клубот.

Благодарение на многуте пријатели, помагатели и спонзори на клубот, „лисиците“ изградија амбициозна стратегија и план за работа и развој на клубот кој ќе атакува на највисок пласман и статус на прволигаши во период од две години.

Веќе се обезбедени најдобри услови и тоа:

  • Исклучително компетентен стручен кадар предводен од македонската кошаркарска легенда Влатко Владичевски, засилен со уште две репрезентативни кошаркарски величини Ристе Стефанов и Дарко Здравковски
  • Тренинзи и натпревари во малата сала во СЦ Јане Сандански
  • Ангажман на  професионален кондиционен тренер и психолог
  • Клубот ќе настапува во опрема на HUMMEL
  • Благодарение на бројните помагатели, се ќе биде бесплатно за младите играчи кои ќе ги бранат боите на клубот
  • Сите натпревари ќе одат со директен пренос на стрим каналот на МОК ТВ
  • Обезбедени висински базични подготовки

Со сето ова сакаме да воспоставиме нови стандарди за работа во македонската младинска кошарка без која евидентно е дека немаме никаква иднина.