КК Гостивар: Кој ќе поднесе одговорност за непочитување на правилникот?

Утрово, Македонската кошаркарска федерација (МКФ) одговори на реакцијата на КК Гостивар во врска со жалбата на судењето во полуфиналето од Купот на Македонија против екипата на КК Блокотехна.

МКФ: Гостивар вината за поразот нека си ја бара во своите редови, не кај судиите!

Веднаш пристигна и одговор од гостиварчани кои подготвија соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани,

Најпрво да ве потсетиме на Пропозициите за натпреварување. Бидејќи самите не ги почитувате правилата кои Вие ги одредувате. Полуфиналниот натпревар на КК Гостивар од годинешниот Куп, како кажавте самите сте го прегледале, уште го немате прикачено на вашата страница да го погледнат и останатите, иако вашите правилата го налагаат тоа според пропозициите за натпреварување Член 39. Која е потребата од ваквото непочитување на правилникот за натпреварување, дали снимката е за ваши лични потреби, зошто се крие од јавноста и најпосле кој ќе поднесе одговорност за непочитување на правилникот? (доказот ви е во првиот коментар)

Понатаму, не е спорен само квалитетот на судењето, туку е спорен и нелегален методот на делегирањето на Купот. Еден ден пред почетокот е назначена техничка комисија за Купот која брои три членови и се грижи за легитимитетот на самиот Куп. Една од главните одредби на техничката комисија е делегирање на судиите. Во петокот по завршување на четвртфиналните натпревари, еден од членовите си даде неотповиклива отставка поради влијание на висок претставник од МКФ врз делегирањето на судиите и истата комисија не назначи нов член во продолжението на Куп-натпреварите. Со ова се оспорува легитимитетот на делегирањето и начинот на кој се селектирани двајца судии без знакот на ФИБА, да бидат дел од полуфиналниот судиски тим. Бараме МКФ да се изјасни по ова прашање и да не насочи кон кого треба да се жалиме за оваа постапка, а воедно да ни одговори во чиј интерес била направена истата.

Со почит , КК Гостивар“