КК Гостивар доби нов претседател, Дејановски доаѓа на местото на Ристоски

По заминувањето од претседателското столче на Игор Ристоски, кошаркарскиот клуб Гостивар доби нов претседател во името на Стојмир Дејановски. 

Долгогодишниот кошаркарски работник и во претходните сезони беше дел од структурата на Гостивар и еден од главните спонзори, но сега конците ќе ги влече од претседателската функција. Во Гостивар владеат позитивни вибрации по назначувањето на Дејановски, затоа што се работи за успешен бизнисмен, но и голем познавач на кошаркарската игра. 

Покрај него, во клубот остануваат Ѓорѓи Божиновски (спортски директор), Александар Трпевски (финансиски директор) и Ивица Адамовски (извршен директор).

Гостивар зад себе остави успешна сезона во Првата лига, но поради прекинот на првенството остана без борба за шампионскиот трофеј.