Ќе игра ли Димитријевиќ во Евролигата?: „Имам цело лето да одлучам...“

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја заврши сезоната со Хувентуд и зад себе остави завидни бројки, далеку подобри од претходната сезона. Плејмејкерот доби слобода од стратегот, па кон себе го привлече вниманието на други клубови.

Во изминатиот период на големо се пишува дека Нено од следната сезона ќе го гледаме во Евролигата. Заинтересирани за него се Валенсија и Басконија, а шансите на трансфер-пазарот се поголеми на Валенсија.

Но, Димитријевиќ не откри ништо на таа тема и беше краток. „Имам цело лето да одлучам што понатаму“, истакна македонскиот репрезентативец.

Во сезоната 2019/20, Димитријевиќ одигра 25 натпревари на кои во просек мина 19 минути на паркетот и забележа учинок од 8,8 поени, 3,4 асистенции и 1,7 скока.