Кинески конзорциум го презема сопствеништвото на италијански евролигаш

Сопственикот на италијанскиот евролигаш Виртус Болоња, Масимо Занети, изјави дека е подготвен за продажба на клубот. 

Занети посочи дека, со оглед на неговите години, почнал да размислува за иднината на клубот и за тоа кој би можел да го води во наредниот период. Тој нагласи дека нема донесено конечна одлука, но дека е веќе разговарал со потенцијални инвеститори. Како најсериозен кандидат за преземање на клубот се споменува кинески конзорциум со седиште во градот Парма. 

Според неговите зборови, веќе се започнати конкретни преговори со Кинезите, кои пројавиле сериозен интерес, како за купување, така и за големи инвестиции во квалитетни играчи. 

Доколку оваа зделка се реализира, Виртус би станал првиот евролигашки клуб со сопственичка структура од Кина. Тимот оваа година не бележи сјајни резултати во елитното натпреварување, завршувајќи го регуларниот дел од сезоната со скор од 14 победи и 24 порази.