Кина најубедлива, стартни мундијалски победи и за САД и Канада

Ноќва стартуваше женското Светско првенство во кошарка кое се игра во Австралија. Поради тоа, натпреварите претежно ќе се играат во текот на ноќите кои следат. Добар старт на турнирот со победи имаа селекциите на САД, Порторико, Канада, Јапонија и Кина.

Американките триумфираа во натпревар против Белгија, во своевидното дерби на првата рунда со 87-72. САД го одигра дуелот на високо ниво, рано дојде до убедлива предност и потоа рутински впиша први мундијалски бодови. 

Канаѓанките беа подобри од селекцијата на Србија со 67-60. Лошата втора четвртина која убедливо ја загубија ги чинеше Србинките висока негатива. Потоа Канада го оправда фаворитскиот статус и ја обезбеди победата. 

Селекцијата на Порторико беше убедлива против Босна и Херцецговина (82-58), Јапонките славеа против аутсајдерот Мали (89-56) и Кина славеше против Јужна Кореја (44-107).