КФСМ со демант: Не нè мешајте во криминални игри, кризата е поважна грижа во моментов

Во период кој спортот е стопиран и е во целост прекинат, пред неколку денови беа објавени информации кои наведуваа дека поранешниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски, е под лупа на антикорупциската комисија.

Според истите, Димевски се терети дека го оштетил Буџетот на земјата при закупот на СРЦ „Кале“.

<<< - ПОВРЗАНО - Димевски под лупа на Антикорупциска за сопственоста на СРЦ „Кале“

Сепак челните луѓе на федерацијата денес излегоа со демант на официјалnaта веб страница. Тие нагласија дека пренесените информации се лажни и одлуката за доделување на објектот на КФСМ дошла директно од Владата.

Соопштението кое беше објавено од КФСМ го пренесуваме во целост: 

„Кошаркарската федерација на Северна Македонија сака да ја информира јавноста во врска со последните пишувања на средствата за јавно информирање во нашата земја.

Пред сè, да изразиме сериозна загриженост поради пренесените информации поврзани со стопанисувањето на спортскиот објект при Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.

Во оваа прилика сакаме да испратиме демант до сите загрижени за функционирањето на кошаркарската федерација, особено оној дел поврзан со инфраструктурата.

Точно е дека федерацијата, со посебна одлука на Владата на РСМ, го доби во свое владение објектот означен како спортска сала при СРЦ „Кале“, односно големата сала при Спортскиот центар „Кале“ во Скопје (СРЦ Кале 1).

Веруваме дека сето ова ви е доволен доказ за чесното функционирање на Кошаркарската федерација која во овој случај, со кој немаме никакви допирни точки, е крајно злоупотребена со изнесените дезинформации во јавноста.

Апелираме до одредени структури, кои го користат моментот да се јават со разно-разни конструкции, да не нè внесуваат нас во своите криминални игри.

Во една ваква, вонредна ситуација, во која пред сè, треба да се грижиме за некои други, многу поважни работи, над сè здравјето на луѓето, вклучително и кошаркарските клубови, спортските работници, играчите, во најмала рака е несериозно да се изнесуваат невистини поврзани со работата на федерацијата“.

Кошаркарската федерација на чие чело е легендата на македонската кошарка, Перо Антиќ, ја објави и писмената одлука од Владата на земјата со која објектот СРЦ „Кале“ трајно е доделен на оваа структура. 

  • Одлуката за доделување на СРЦ „Кале“: