КФСМ го закажа првиот селективен тренинг за млади кошаркарки

Саша Димитријевиќ, координаторот за женска кошарка при КФСМ, го закажа првиот селективен тренинг за кошаркарки родени 2006 година.

Селективниот тренинг ќе биде одржан на 16 јануари, 2021 година, (сабота), а ќе биде реализиран во периодот од 12:00 до 14:00 часот.

Најдоцна до 14 јануари (четврток), клубовите кои партиципираат во оваа возрасна категорија да испратат список на играчи кои ќе присуствуваат на селективниот тренинг.

Освен тоа, на овој собир треба да се и тренерите кои се вклучени во проектот за менторирање на тренери кои работат со млади кошаркарки, затоа што во истиот термин ќе се одржи вториот дел од обуката од проектот.