Кевин Дурант побара трејд од Бруклин Нетс, желба се два клуба

Durant

Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, Кевин Дурант, побара да си замине од Бруклин Нетс, тврдат доброупатени новинари од САД.

Малкумина веруваа дека Дурант ќе се реши на ваков потег, пред се затоа што има четиригодишен договор со „мрежичките“, но, сепак, искусниот кошаркар побара трејд веројатно затоа што си заминува и Кајри Ирвинг.

Желба на кошаркарот се два тима. Првата екипа која Дурант ја сака е Феникс Санс, а како опција се споменува и Мајами Хит. Дурант во Бруклин Нетс дојде во 2019 година. Првата сезона ја пропушти поради повреда, а во останатите две не успеа да направи премногу.

Американецот пред да дојде во Бруклин играше за Оклахома Сити Тандерс и Голден Стејт Вориорс.