Кесар: Сите ги гледаат нашите цели, наше е само да ги оправадаме

Во најтешкиот натпревар оваа сезона Пелистер одговори на предизвикот и го совлада шампионот од сезонбата 2018/19, МЗТ Скопје со 88-85 во спортската сала „Боро Чурлевски“. Инспиратор на победата беше српскиот центар Игор Кесар, автор на 27 поени и по Олаџобу најдобар стрелец на натпреварот.

Игор вели дека пред очи на јавноста е квалитетот и целите на Пелистер оваа сезона. 

„За нас најголем терет беше натпреварот против Кожув пред два дена. Беше тешко, бидејќи игравме и продолженија во Гевгелија и бевме уморни. Сите знаеме кој е МЗТ Скопје, но се надминавме и победивме. Сега се вртиме на следниот натпревар.

Сите ги гледаат нашите цели и желби сезонава. Треба да ги оправдаме и секој нов натпревар е шанса за докажување“, рече за Gol.mk српскиот центар.

Кесар одлично ја познава македонската кошарка, бидејќи пред да дојде во Битола, ги носеше дресовите на Кожув и Работнички.