• Горан Упале
Почнува битката за медали на кошаркарскиот турнир. Ждрепката сакаше Србија и Соединетите Американски Држави да се сретнат во првиот натпревар од групата Ц, но полуфиналето на Олимписките игри.
НБА тимот кој го донесе Стив Кер во Париз победи двапати за кратко време против големиот ривал, но влогот на овој дуел е најголем, па затоа се очекува голема битка на паркетот.
„Србија е навистина квалитетна. Не смееме да си дозволиме да се опуштиме, бидејќи двапати ги победивме. Мораме да бидеме подготвени за нивното најдобро издание. Мораме внимателно да размислиме што би можеле да направат поинаку. Секој натпревар е многу различен и уникатен.
Никогаш не знаеш кога ќе влезе топката, а кога не. Верувам дека Јокиќ ќе ги одигра сите 40 минути. Но, што друго имаат во „ракавот“?“, рече Кер.
Србија во полуфиналето се пласира по неверојатен пресврт против Австралија, додека Соединетите Американски Држвви беа убедливи против Бразил.