Казна од Евролигата за Монако поради непочитување на финансиските практики

Управата на Евролигата соопшти дека Комисијата за управување со финансиите (МЦЦ) го казнила францускиот клуб Монако поради неколку нарушувања на утврдените практики и манипулирање со финансиските извештаи. 

Комисијата е независно тело, одговорно за надзор на клубовите, а казната за Монако доаѓа откако биле детално прегледани последните извештаи за работењето на клубот. Двете страни дошле до заеднички споразум, што значи дека Монако нема да добие ригорозна санкција, а се претпоставува дека управата ќе мора да исплати казна во висина од 700.000 евра. 

Конкретната сума не е потврдена од ниту еден релевантен извор и целиот процес минал далеку од очите на јавноста, но наскоро се очекуваат повеќе детали затоа што Комисијата ќе мора транспарентно да ги објави сите прекршители и казнети субјекти во текот на 2024 година.