Казинс се сели во Хјустон за ветерански минималец

Секојдневно се официјализираат големи премини или трејдови во НБА лигата. Демаркус Казинс ја изненади јавноста, најавувајќи кариерата ќе ја продолжи во Хјустон. Тој договорил едногодишна соработка за ветерански минималец.

30-годишниот американски центар потпишал негарантиран договор. Казинс е четирикратен НБА-ол-стар и олимписки шампион со тимот на САД. Минатото лето, кошаркарот потпиша договор со Лејкерси, но беше избркан од тимот во февруари 2020 година, бидејќи не одигра ниту еден натпревар за Лејкерс поради повреда на коленото.

Еден од најдобрите центри за „езерџиирте“ премина од редовите на шампионот Голден Стејт Вориорс, а настапуваше и за Њу Орлеанс. Во последните две и пол години Казинс одиграл само 38 натпревари.

Двете најголеми ѕвезди на Хјустон, Џејмс Харден и Расел Вестбрук, побараа да го напуштат клубот