Казинс ќе дебитира за Голден Стејт против ЛА Клиперс!?

Новиот центар на Голден Стејт, Демаркус Казинс, би можел овој месец да го има своето деби во дресот на „воините“, соопшти тренерот Стив Кер.

Казинс, кој дојде во НБА-шампионот со тешка повреда, почна да тренира во полн ритам пред две седмици. Центарот најверојатно ќе го има првиот меч на 18 јануари, на средбата против Лос Анџелес Клиперс.

Голден Стејт има вистински дрим-тим и оваа сезона и важи за фаворит за одбрана на НБА-круната. Со Казинс во тимот, „воините“ ќе имаат ѕвезда на секоја позиција.

Тимот на Кер се наоѓа на второто место во Западната конференција со 27 победи на вкупно 41 меч.