Казинс: Е*ете се сите што се сомневавте во Дурант!

Демаркус Казинс, кошаркарот на Голден Стејт, ги критикуваше сите кои се сомневаа во Кевин Дурант и неговата желба да се врати да игра во дресот на „воините“ оваа сезона.

Кеј-Ди настапи на мечот против Торонто во финалната серија, но немаше среќа и повторно се повреди. Се шпекулира дека настрада Ахиловата тетива и дека го чека подолга пауза, а Казинс по мечот и победата ги „поздрави“ сите што веќе го испратија Дурант од Голден Стејт.

„Оние кои се сомневаа во Дурант може да се е*ат. Точно така, да се е*ат“, кажа Казинс.

Кевин Дурант сигурно нема да игра во понатамошниот дел од финалето, во кое Торонто Рапторс води со 3-2 во серијата. Следниот дуел се игра на домашен терен кај Голден Стејт, па можно е да се следи „мајсторка“ во НБА-лигата.