ВИДЕО: Каваи Ленард ги сруши „кралевите“, Мајами пресилен за Сан Антонио

Кошаркарите на Мајами Хот го потврдија добриот момент на форма и славеа против Сан Антонио со 95-88. Хасан Вајтсајд одигра одушевувачки натпревар и оствари учинок од 29 поени, 20 скокови и дури девет блокади.

Колективната симултанка ја поддржаа и Вејн Елингтон со 20 и Џастис Винслоу со 19 поени. Во таборот на Грег Попович се истакнаа Пети Милс со 20 и Давис Бертанс со 19 поени.

Торонто Репторс остана најдобрата екипа во Источната конференција, откако вчера го совлада Сакраменто со 114-105. Каваи Ленард со 25 и Паскал Сијекем со 21 поен беа најефикасни меѓу Канаѓаните. 

Детроит ја совлада екипата на Орландо со 106-93, Филаделфија ја надигра Индијана со 100-94, а значаен триумф запиша Њујорк Никс против Атланта Хоукс со 112-107.