Катастрофални вести: Кари би можел да ја пропушти цела тековна сезона

Стеф Кари

Голден Стејт Вориорс не може да престане да добива лоши вести во новата сезона. Најпрво си замина Кевин Дурант, потоа се повреди Дрејмонд Грин, а на крај раката ја скрши и Стеф Кари, првата ѕвезда на тимот.

За да биде уште полоша ситуацијта за Стив Кер, на теренот го нема ниту Клеј Томпсон, кој мора да прави долга пауза поради повредата на коленото во финалната серија против Торонто.

Сега, се шпекулира дека скршеницата на раката на Кари е полоша од очекуваното и истата ќе го натера да ја пропушти цела тековна сезона. Без него и Томпсон, „воините“ се осудени на катастрофална сезона, која се надеваат ќе донесе мотивација за следната година.

Скоро сигурно екипата нема да обезбеди плеј-оф, што ќе биде прекин на доминацијата од претходните пет години. Во истите, франшизата освои три титули и двапати загуби во големото финале.