• Зоран Мишевски

Српскиот кошаркарски интернационалец Драган Лабовиќ е нов кошаркар на Карпош Соколи и големо засилување за финалистот на Купот и полуфиналистот на плеј-офот минатата сезона.
29-годишниот Лабовиќ се договори за сите услови со „соколите“ и во сезоната 2016/17 ќе им биде главна движечка сила во обид да го оствараат најголемиот успех и да освојат домашна титула.
Лабовиќ доаѓа во Македонија од финската Нокиа, а настапуваше уште за Железник, Борац Чачак, Арис, Скајлајнерс Франкфурт, Краснодар, Крилија Советов, Нижни Новгород, Ал Ријад, Плоешти и Истанбул.