Кармело скокна уште едно место и стигна до ТОП 10 најдобри стрелци во историјата

Кармело

Кармело Ентони продолжи да се искачува на листата најдобри стрелци во историјата на НБА лигата.

По Тим Данкан, Доминик Вилкинс, Оскар Робертсон и Хаким Олајџувон, кошаркарот на Порлтанд го надмина и Елвин Хејс. Со тоа се смести во ТОП 10 најдобри поентери на сите времиња.

36-годишникот ја игра 18-та сезона во НБА лигата и остварува просек од 13,6 поени по натпревар.

Кариерата на Ентони започна во Денвер, а продолжи во Њујорк, Оклахома Сити и Хјустон.

Најнови вести од
НБА, САД