Кари влезе во милијардерска лига – потпиша договор што го тресе спортот!

Ден пред почетокот на НБА финалето, главна вест е спонзорскиот договор што Стеф Кари го склучи со кинескиот производител на спортска опрема Ли-Нинг.

Според наводите на медиумите, 38-годишниот Кари со новиот десетгодишен договор со Ли-Нинг ќе заработи неверојатни 1,19 милијарди долари! Тоа е речиси четири пати повеќе од износот што го инкасираше во текот на 12-годишната соработка со Андер Армор.

Овој спонзорски договор со Ли-Нинг е поврзан со приходите на брендот, што значи дека вкупната заработка би можела да биде уште поголема како што ќе поминува времето. Проценките говорат дека Кари во наредните десет години би можел да заработи повеќе од една милијарда долари.