ВИДЕО: Кари се врати во триумфот над Детроит, продолжи очајот за Бостон

Кари

Големиот фаворит за титулата Голден Стејт ја продолжи победничката серија и пред своите гледачи го совлада Детроит (121-114). Сите ѕвезди на Стив Кер одиграа солиден натпревар, но ниту еден од нив не се издвои од останатите. Гостите имаа одлична завршница и ја добија последната четвртина со +13, но тогаш беше касно за било каков пресврт.

Продолжи агонијата на Бостон, кој стигна до четвртиот пораз во низа во дуелот со Сан Антонио (96-115). Кајри Ирвинг и неговите соиграчи играат непрепознатливо во последниот период и се чини дека ќе имаат големи проблеми во доигрувањето. ЛаМаркус Олдриџ одигра феноменално и постигна 48 поени и собра 13 скока во големиот триумф во „ТД Гарден Арена“.

Леброн Џејмс стигна до нов „трипл-дабл“ во домашното славје на ЛА Лејкерс против Сакраменто (111-106). „Кралот“ игра на задоволително ниво во завршницата од загубената сезона и запиша скор од 29 поени и по 11 скока и асистенции.

Во последниот меч одигран ноќва, Хјустон извојува гостинска победа кај Њу Орлеанс (90-113).