Кари: Сакав да учествувам на Олимпијадатa и жал ми е што нема да бидам во Рио

Ѕвездата на Годлен Стејт Вориорс, Стивен Кари истакна дека е разочаран што е принуден да ги пропушти Олимписките игри во Рио поради серија на повреди за време на плеј-офот во лигата.

„Сакав да учествувам на Олимпијадата и ја очекував со нетрпение. Вака ќе мора да ги бодрам моите соиграчи од пред малите екрани. Кога ја добив повредата во плеј-офот, знаев дека ќе ми треба време за заздравување и летото ќе биде многу важно со оглед на следната сезона. Во оваа ситуација треба да одморам и да го подготвувам телото за новата сезона”, изјави Кари за ЕСПН, Кари.

Неверојатниот шутер се здоби со повреда на десното колено уште во првиот круг од плеј-офот, потоа пропушти неколку натпревари, но не беше во врвна форма во финалната серија, загубена во седум натпревари од Кливленд.