ВИДЕО: Портланд без одговор за шампионот, расположениот Кари постигна девет тројки

Шампионот Голден Стејт го зададе првиот удар во западното конференциско финале против Портланд (116-94).

Гостите наидоа на расположен Стеф Кари кој постигна девет тројки и беше вистински кошмар за нивната одбрана. И без Кевин Дурант, „воините“ покажаа дека се шампионска екипа која атакува на третата титула во низа.

Стив Кер им даде шанса скоро на сите кошаркари од клупата за резерви, но единствени со двоцифрен број на поени беа Кари (36) и Томпсон (26).

Ѕвездите на Портланд потфрлија и целосно беа надиграни во првото соочување во конференциското финале.

Вториот меч повторно се игра во „Оракл Арена“ и ќе биде шанса за Вориорси да го одбранат домашниот терен во пресрет на двата гостински натпревари.