Кари како на видео игра: Три тројки во низа и молк во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Стеф

Стеф Кари заврши со 33 поени и беше најзаслужен за последната победа на Голден Стејт Вориорс кај Лос Анџелес Клиперс.

Еден од најдобрите шутери на сите времиња приреди мало шоу во последната четвртина. Со три тројки во низа ја отпиша домашната екипа и предизвика неверица кај навивачите.

„Воините“ покажаа уште еднаш дека се една од најдобрите екипи во НБА лигата. Моментално стојат на скор од 18 победи и само два порази.

Кари најавува рана кандидатура за МВП наградата, која лани заврши во рацете на Јанис Антетокумбо.