ВИДЕО: Кари и Томпсон најдобри, Голден Стејт го декласира Детроит

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс запишаа нова победа во НБА лигата, откако во својот „Чејс Центар“ славеа против Детроит Пистонс со 102-86. Пресметката во Сан Франциско не понуди ниту малку неизвесност и во целост им припадна на домашните кошаркари предводени од првите две ѕвезди.

  • Голден Стејт Вориорс - Детроит Пистонс:

Уште на стартот Вориорси отворија со серија од 8-2, за до крајот на првата четвртина двоцифрено да поведат. Во продолжението до паузата предноста дополнително порасна и достигна високи +28, со кои се замина на пауза. Вториот де не понуди драма, па Голден Стејт дојде до највисоките 34 поени предност, за на крајот да запише висок триумф. 

Најдобар на теренот беше Клеј Томпсон кој полека фаќа залет. Против Детроит уфрли 21 поен, а му помогнаа Вигинс кој уфрли 19 и Стеф Кари кој, покрај 18-те поени, запиша и осум асистенции. Кај гостите најефикасен беше МекГрудер со 19 поени.

  • Њујорк Никс - Минесота Тимберволвс:

Ноќва беше сиромашна со НБА натпревари, па така се одигра само уште еден дуел. Минесота Тимберволвс се радуваше во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк против Никси со 110-112.