ВИДЕО: Кари и Томпсон го срушија Милвоки, Далас загуби без Дончиќ и Ирвинг

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го совладаа Милвоки Бакс по продолжение во својот „Чејс Центар“ со 125-116. Во големата драма, лидерот на истокот претрпе пораз по три победи, додека шампионот пак дојде до славје по три неуспеси во низа. 

  • Голден Стејт Вориорс - Милвоки Бакс:

Се играше целосно израмнет натпревар, Вориорси успеаја на стартот на второто полувреме да поведат и двоцифрено, меѓутоа гостинот се врати и направи пресврт. На крајот Голден Стејт со серија од 11-3 дојде до продолжение, во кое покажа доминација. Стеф Кари диригираше со 36 поени, го следеше Клеј Томпсон со 22, додека „дабл-дабл“ имаше ДиВинченцо (22 поени, десет скока). Кај Бакси не играше најдобриот кошаркар Јанис Адетокумбо. 

Без првата ѕвезда пораз запиша и Далас Маверикс. Тимот од Тексас го немаше Лука Дончиќ, но и новајлијата Кајри Ирвинг и загуби на гостувањето кај Мемфис Гризлис со 112-108. Иако и домаќинот беше без ѕвездата Џа Морант, кој е суспендиран, успеа да го надигра ривалот. Бејн со 25 и Роди со 24 поени го водеа тимот на Мемфис, додека кај Мавси се истакна Хардавеј со 23. 

  • Мемфис Гризлис - Далас Маверикс: 

На останатите терени, Клиперси славеа против Никси (106-95), Сакраменто го совлада Феникс (119-128), Оклахома беше подобра од Њу Орлеанс (96-110), Чикаго триумфира во Хјустон (111-119), Бостон се радува во Атланта (125-134), Орландо по продолжение победи против Мајами (126-114), а гостински славја запишаа уште Индијана во Детроит (115-121) и Јута во Шарлот (111-119).