• Иван Димовски
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс славеа во дуелот со Денвер Нагетс (118-104) во НБА лигата. Стеф Кари одново беше главно име, па откако ги реши Лејкерси сега донесе победа и против Нагетси. Одличниот плејмејкер го заврши мечот со 36 поени на своето конто како најдобар во својот тим, а имаше помош од Подзиемски кој уфрли 28. Во таборот на Денвер се истакна Никола Јокиќ кој беше на чекор до „трипл-дабл“ (33 поени, 12 скока, 9 асистенции).
- Голден Стејт Вориорс - Денвер Нагетс:
Лос Анџелес Лејкерси се вратија на победите против Њу Орлеанс Пеликанс (124-108). „Езерџиите“ предводени од новото моќно трио стигнаа до важен триумф во борбата за директен пласман во плеј-офот. Лука Дончиќ беше најдобар поентер со 35, Остин Ривс уфрли 30, а Леброн Џејмс имаше 27 поени. Во таборот на Њу Орлеанс најдобар беше Алварадо кој исто така заврши со 27.
- Лос Анџелес Лејкерс - Њу Орлеанс Пеликанс:
На останатите терени победи забележаа Клиперси, Кливленд, Хјустон, Чикаго, Детроит, шампионот Бостон, Индијана и Сакраменто.