• Саше Љолес

Одамна е познато колку добар шутер е неверојатниот Стеф Кари, но последното видео што го објавија Голден Стејт Вориорс, покажува дека плејмејкерот е апсолутно фантастичен и постигнува „тројки“ како да се најлесното нешто во светот.
На последната тренинг-сесија, Кари имаше серија од повеќе од пет минути без промашен шут! Интерено е што тоа за него е веројатно вообичаена практика, па затоа никој особено не реагираше на извонредниот перформанс. Цели пет минути и десет секунди мрежичката се тресеше, а топката минуваше „како путер“ низ неа.
5+ minutes without a miss.
Stephen Curry is unreal. pic.twitter.com/wGHtywu0g1
— Golden State Warriors (@warriors) September 19, 2023
Видеото стана вирално и го обиколи целиот свет, а многумина коментираат дека Кари е „волшебник“ на кошаркарската игра и ретко кој друг може да се пофали со сличен шут. Четирикратниот освојувач на НБА лигата е во одлична форма и Голден Стејд одново ќе има вистински лидер на паркетот.