• Саше Љолес
Американскиот кошаркарски „дрим-тим“ го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, но дел од играчите на селекторот Стив Кер веднаш по финалниот натпревар против Франција биле повикани на допинг-тест, чии резултати на крајот се покажале како негативни.
Ентони Едвардс откри повеќе детали за домашната јавност и рече дека веднаш по мечот бил повикан на допинг-тест, заедно со Стеф Кари и Кевин Дурент.
Anthony Edwards says Steph Curry got drug tested after the gold medal game in Paris. He also mentioned that he and KD were also tested.
(via @boardroom)
pic.twitter.com/a4D9QWpTxG— TheWarriorsTalk (@TheWarriorsTalk) August 20, 2024
Ѕвездата на Минесота Тимбервулфс ги изнесе овие информации на средба со навивачите која се одржа во Лос Анџелес, а водителот на панелот шеговито рече дека допинг-тестот особено бил потребен за Стеф Кари, кој одигра брилијантна партија против Франција и буквално самиот го донесе триумфот за неговата селекција.