ВИДЕО: Кари даде 22 поени за една четвртина, Лејкерси редат порази

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс брзо го заборавија поразот од Сан Антонио Спарс и со гостинска победа против Минесота Тимбервулвс од 107-117 ја задржаа првата позиција на Западот.

  • Извештај од натпреварот:

Шампионот до победата стигна со добра игра на крајот од третата и почетокот на четвртата четвртина, а најзаслужен за истата беше Стеф Кари, кој во тој период постигна 22 од 36 поени на „воините“. Токму Кари со 36 поени беше прв стрелец кај Голден Стејт, а Томпсон мечот го заврши со 28 поени. На спротивната страна Таунс запиша 26 поени.

Милвоки Бакс без Јанис Антетокумбо славеше победа против Лос Анџелес Лејкерс со 115-101. „Езерџиите“ на синоќешниот натпревар играа без Леброн Џејмс и го запишаа својот четврти пораз по ред, по кој скоро и да немаат шанси за пласман во плеј-офот. Крис Мидлтон со 30 поени беше најефикасен кај Бакси, додека кај гостите се истакна Калдвел-Поп со 35 поени.

  • Извештај од натпреварот:

Кошаркарите на Хјустон Рокетс запишаа нова победа и ја продолжија битката за третата позиција на Западот, откако на гости ја совладаа Атланта Хокс со 105-121. Повторно најзаслужен за триумфот беше Џејмс Харден, кој мечот го заврши со „дабл-дабл“ (31 поен и 10 асистенции), а помош имаше и од Капела, кој запиша 26 поени. Кај „јастребите“ најефикасен беше Јанг со 21 поен.

  • Извештај од натпревар: