Караколев: Презадоволни сме од сезоната, самото финале е голем успех за нас

Еуро Никел немаше сили да приреди изненадување во финалната серија од македонскиот шампионат. На крај загуби во сите три дуели против МЗТ Скопје, кој одново ја врати титулата во своите витрини.

Самиот пласман во завршната серија е голем успех за кавадарчани, смета Никола Караколев.

„Презадоволни сме од целата сезона. За нас и самото играње во финале е успех. На почетокот на сезоната не ни мислевме дека можеме да дојдеме од тука, но се изборивме машки и гиневме до крај.

Честики до МЗТ Скопје за титулата. Најбитно е што ја завршивме сезоната како што треба, нема никој повреден и тоа многу радува. Следува одмор, па ќе видиме што како за следната сезона“, вели членот на Еуро Никел.

На патот до финалето, тимот од Кавадарци ги совлада Гостивар и Работнички.