Караколев: Амбициите на Штип се да се се бори за врвот

Новиот суперлигаш Штип ќе ја отвори сезоната на домашен терен против екипата на Тиквеш. Пред средбата против ривалот од Кавадарци кратка порака испрати капитенот на Штип, искусниот Никола Караколев.

„Нашите амбииции оваа сезона се да се пласираме на врвот од табелата. Најголемото оружје е искуството, публиката, навивачите и желбата за победа на секој натпрревар како што впроќме тоа беше и досега. Очекуваме секој натпревар да пеотекне во една фер и коректна атмосфера, и да го направиме првенството преубаво за гледање“, изјави Караколев.

Натпреварот меѓу Штип и Тиквеш се игра денеска во терминот од 18:00 часот.