Капитенот верен на МЗТ, го продолжи договор за нови две сезони

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски и во следните две сезони ќе биде член на МЗТ Скопје, откако се договори за продолжување на соработката со тимот од Аеродром, открива актуелниот вицешампион на Македонија. 

Капитенот на „штрковите“ и покрај понудите од странство, реши да остане верен на сино-белиот дрес и да даде сѐ од себе во мисијата која е пред него и соиграчите во следниот период, а тоа е борбата за висок пласман во АБА2-лигата и враќањето на титулата во „Јане Сандански“.

Ова воедно претставува и продолжување на приказната која трае од 2012 година, кога Стојановски првпат настапи за екипата од Аеродром. Оттогаш, бекот-шутер одигра пет сезони во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, а не беше дел од клубот само во сезоната 2016/17 кога во текот на летото заработи тешка повреда настапувајќи за Македонија, по што мораше да мине низ повеќемесечен рехабилитациски период.

Во македонското првенство што заврши неодамна, тој настапи на 35 средби со просек од 11 поени, 4,2 скока и 2,1 поен додека во АБА-лигата ги одигра сите 22 меча со просечна реализација на 11,5 поени и по 2,7 скока и асистенции. 

Стојановски е петтиот кошаркар кој тренерот Ѓорѓи Кочов во моментов го има на располагање, по претходното обновување на соработката со Дарко Соколов и Андреј Маслинко, како и ангажирањето на повратникот Љубомир Младеновски и Лестер Медфорд.