• Сашо Поповски
ЦСКА Москва се пофали со потписот на нов договор со еден од најискусните кошаркари во својот ростер.
Капитенот Никита Курбанов се согласи на нов едногодишна соработка со „армејците“. Доколку има желба од двете страни, постои опција во договорот за продолжување на уште една година.
„ЦСКА е мојот тим, кој ми помогна да станам тој што сум, кој ми овозможи да освојам многу титули. Се чувствувам добро во мојот матичен клуб и се надевам дека ќе продолжам да бидам корисен. Сигурен сум дека следната година повторно ќе бидеме силни, повторно ќе одиме на сите титули“, изјави рускиот кошаркар.
Од тимот заминува Дарун Хилард, кој во изминатата сезона запиша просек од 9,4 поени и два скока по натпревар.