ФОТО: Капитенот на Црвена Звезда во посета на КФСМ и Перо Антиќ

Претседателот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Перо Антиќ, денес во просториите на КФСМ имаше пријателска посета од свој поранешен соиграч.

Бранко Лазиќ, капитенот на Црвена Звезда од соседна Србија, ги посети канцелариите на претседателот на КФСМ и неговите соработници, а темата на разговорите беше омилениот спорт на двајцата кошаркари.

Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ војуваше на теренот заедно со Лазиќ во црвено-белиот дрес во последната сезона одиграна во својата професионална клупска кариера, ланската сезона 2017/18.