ВИДЕО: Капитенот - капитенски, еве како Стојановски го реши дербито против Работнички

МЗТ Скопје ја оправда фаворитската улога и го доби градското дерби со Работнички, минимално со 92-90, во дуелот од 16. коло одигран пред празните трибини во СЦ „Јане Сандански“. Со триумфот, шампионот се етаблираше како лидер со 13 триумфи и само три неуспеси, оставајќи ги зад себе Кожув, Работнички, Гостивар и Еуро Никел со по 11 победи и пет порази. 

Херој на победата беше капитенот Дамјан Стојановски, кој покрај фактот што беше најпрецизен играч на средбата со 23 поени, го постигна и решавачкиот кош на секунда и пол пред крајот. 

  • Поените на Стојановски:

Се поверојатно е дека МЗТ Скопје како лидер ќе ја заврши првата фаза од кошаркарската Суперлига, каде во последните две кола игра дома против Еуро Никел и гостува кај Вардар. Пред „штрковите“ е и финишот на регуларниот дел од АБА2 лигата, каде ќе треба само да ја потврдат позицијата во плеј-офот против веќе отпишатните Нови Пазар и Ловќен Цетиње.